ФАНТАСТИЧЕН РЕЦЕПТ ЗА ЗДРАВ ТОНУС ЛЕБ БЕЗ БРАШНО

АКЦИЈА
loading...

Потребни состојки:

300 г зрна пченица

100 г овесни снегулки

2 лажици сусам

2 лажици лупен сончоглед

2 лажици ленено семе

1 лажичка сол

1 коцка свеж квасец

Постапка:

Зрната пченица се накиснуваат во вода 3 дена, а повремено се плакнат и се менува водата.

После три дена ги процедуваме, зрната ги блендираме, па ги додаваме и снегулките кои претходно беа малку натопени во вода и исцедени, па заедно се миксаат.

Се добива смеса слична на тесто. Додаваме сусам, лен, сончоглед, сол и квасецот растворен во многу малку вода – 50 мл.

Промешуваме со лажица и оставаме тестото да надојде. Откако ќе стаса смесата ја промешуваме пак со лажица и ја истураме во калап обложен со хартија за печење.

Се остава да отстои уште половина час, па се пече на 200 степени околу еден час. Оставете убаво да изврие внатре.

loading...