Рецепт – Бурек со сирење со готови кори

АКЦИЈА
loading...

Ако сакате да го изненадите семејството или пријателите, подгответе домашен бурек со готови кори. Домашниот бурек е одличен предлог за појадок во комбинација со чаша јогурт. На блогот Trydiani го пронајдовме овој рецепт за бурек со готови кори кој сме сигурни дека ќе ви се допадне и на вас. Многумина го пробаа, пробајте го и вие овој сочен и вкусен специјалитет кој го обожаваат сите генерации!

Состојки:

500 грама кори за пита со средна дебелина
300 грама дробено сирење
250 милилитри вода
½ чаша масло
сол по вкус.

Подготовка:

Во длабок сад измешајте ги водата, маслото и солта (количината на додадена сол зависи од соленоста на сирењето).

Во намрсен плех со пречник од 24-26 сантиметри ставете 2 до 3 кори, а краевите оставете ги да висат надвор од плехот.

Притоа секоја од корите попрскајте ја со смесата од вода и масло.

Одвојте 2 кори кои подоцна ќе ги искористите за покривање на бурекот, а останатите кори поделете ги на 2 или 3 дела.

Секоја од корите од првиот дел ставете ја во тавата за печење и пропрскајте ја со смесата од масло и вода.

Смесата од масло и вода внимателно распоредете ја така да ви останат уште 2 лажици за да го попрскате бурекот од горната страна.

Врз првиот дел кори, нанесете од дробеното сирење. Врз смесата од сирење нанесете го вториот дел од корите, а притоа секоја од нив попрскајте ја со смесата од масло и вода. Доколку корите ги поделивте на три делови, врз вториот дел од корите ставете од сирењето, а потоа постапката со попрскување повторете ја со преостанатите кори.

На крај, деловите од корите кои висеа надовр од тавата, ставете ги внатре. Двете кори кои ги одделивте на почетокот, попрскајте ги со смесата од масло и вода и ставете ги на горната страна, како капак. Со останата смеса од масло, попрскајте го бурекот.

Бурекот ставете го во загреена рерна на 175-200 степени, да се пече за време од 40 до 60 минути додека добие убава златно-кафеава боја.

Печениот домашен бурек со готови кори превртете го на дрвена даска. Добар апетит!

loading...