Направете сами здраво растително млеко. (ВИДЕО РЕЦЕПТ)

АКЦИЈА
loading...

Терминот млеко не се однесува само на млечни течности кои доаѓаат од вимињата. Се повеќе и повеќе луѓе ги уживаат благодетите на млекото од ореви, бадеми, семиња и други растителни производи – кои лесно можат да се направат во домот. Млекото не е повеќе едноставен напиток добиен од пасење на животни како крава, коза и овца. Тоа е течност за која луѓето имаат цврсти ставови и параметри дека млеко може да се добие од речиси се што може да се исцеди – од брадавици до грав и семиња.

Во време кога се почесто среќаваме интолеранција на лактоза, при што отежната или невозможна е конзумацијата на анимално млеко, добро би било да се конзумира растително млеко, а уште подобро е да се знае како да се направи во домашни услови!

Се што ви треба е јаткасти плодови и вода, а по избор може да додадете засладувач, ванила, какао во прав и малку сол.

Може да употребувате разни јатки, а во видеото се прикажани 4 видови јатки: бадеми, ф’стаци, лешници и пекан ореви.

Јатките се потопуваат во вода, и се оставаат преку ноќ, а потоа се ставаат во блендер заедно со другите состојки и 2 чаши вода и се блендираат. Млекото се прецедува преку газа, и се остава во фрижидер неколку часа.

loading...