Направете брзи вкусни ПРОЈА мафини

АКЦИЈА
loading...

За добро утро и убав почеток на денот, направете ги овие брзи проја мафини. Сервирајте си ги нив и топло црно кафе или чај и препуштете се на уживањето. Супер се и ако сакате да ги понесете на работа, на пикник или за планинска авантура!

Рецептот ни доаѓа од станицата на нашата пријателка Лана и сигурни сме дека е добар, па препорачуваме да си ги направите кога ќе ви се појави првата можност.

Состојки:

200 гр пченично брашно
100 гр пченкарно брашно
1 лажичка сол
1 лажичка прашок за печиво
75 мл масло
250 мл јогурт или млеко
2 јајца
1-2 млади лукчиња или 1 чешне лук
75 гр сечкани зелени маслинки
75 гр кашкавал
малку мелен црн пипер.

Подготовка:

Во сад измешајте ги прво двете видови на брашно, па додајте го прашокот за печиво и измешајте.
Во друг сад турете го маслото, јогуртот или млекото и додајте ги претходно изматените јајца.
Лукот и маслинките ситно исечкајте ги и додајте ги во садот со течните состојки.
Кашкавалот изрендајте го ситно, а при тоа малку издвојте за посипување одозгора. Остатокот од кашкавалот измешајте го со другите состојки.
На крај, измешајте ги сите состојки заедно во хомогена смеса.
Калапот за мафини намрсете го и поросете го со брашно и распоредете ја припремената смеса.
Печете околу 30 минути во претходно загреана рерна на 200 степени целзиусови, а кратко пред печењето додајте го ренданиот кашкавал, по малку на секое од мафинчињата. Превкусни се и топли и ладни, на здравје!

loading...