Превкусни кифлички со павлака – сите ќе ви го бараат рецептот

АКЦИЈА
loading...

Сакате нешто да приготвите вечерва, ви се јаде нешто вкусно и неодоливо. Имаме предлог за вас, а тоа се меки кифлички со павлака, кои мора задолжително да ги пробате.

600 г брашно

1 прашок за печиво

1 лажичка сол

100 мл масло

1 чаша кисела павлака

200 мл топло млеко

1 коцка свеж квасец

1 лажица шеќер

Жолчка, сусам и зачини за премачкување

Подготовка:

Помешајте го топлото млеко со квасецот и шеќерот и оставете да се активира.

Во садот во кој ќе ги месите кифличките, помешајте брашно, прашок за печиво, сол и додадете масло.

На крај, измешајте ја павлаката, а потоа додадете го и квасецот.

Замесете мазно тесто и веднаш поделете го на 4 дела. Секој дел развлечете го на работна површина со помош на сукало, а секоја кора треба да биде со дебелина од половина центиметар.

Исечете 8 триаголници, филувајте по желба или оставете ги празни, па свиткајте ги кифличките.

Распоредете ги на тава за печење, премачкајте со жолчка од јајце и поросете со зачини (сусам, ким, семе од афион и сл.).

Печете околу 15-20 минути, на 200 степени додека да заруменат.

loading...