Да се биде силна, не значи да се престане да се биде ЖЕНА. Каква е всушност силната жена?

АКЦИЈА
loading...

Силна жена е онаа која откако е фрлена на под, ќе успее да каже: „Не ми е ништо – ќе преживеам“!
Силна жена е онаа која ги теши другите додека ги боли, додека никој не ги слуша нејзините крици.
Силна жена е онаа која ќе ги испочитува другите и нивната тага и умее да ги сослуша, додека истите тие не ја препознаваат и не ни насетуваат низ што се проаѓа таа…
Силна жена е онаа која кажува шеги и силно се смее, додека се во неа се руши и копнее за помош.
Силна жена е онаа која ги наѕира туѓите лаги и измами и мирно го чека моментот на предавство и својата судбина…сама во своето срце и душа, не барајќи разбирање и помош.
Силна жена е онаа која се радува само на спомените, а сепак храбро чекори кон иднината.
И верувајте, силна жена е онаа која болката ја претворила во најубавата жена…
Силна жена е онаа во чии ноздрви се наоѓа мирисот на цигари и сопствената крв, а која сепак мириса на свежи рози.
Силна жена е онаа која сѐ уште умее да се радува на зракот сонце рано наутро… и на своите орхидеи на својот прозорец… и на својата омилена мелодија… иако цела ноќ ја поминала со кошмари и бунило.
Силната жена е онаа која нежно те милува со своите очи во кои се враќаат солзите од вчера и денот пред тоа… а ти не ги гледаш, само ги насетуваш… и не се осудуваш да ја прашаш од каде се тие солзи…
Да, силната жена е онаа чија сила ја препознаваш, а чија нежност ја чувствуваш.
Силната жена е онаа од чии усни се слуша најпрекрасната музика, додека зад затворени врати, истите тие усни се криват во неиздржив и несопирлив плач.
Силната жена е онаа чиј допир ја сочувал свилата и покрај сите грубости кои ги допрела и кои ја допреле.
Силната жена е онаа која се облекува во најсветли бои, додека во себе се бори со најтешкиот мрак.
Силната жена е онаа која не ја изгубила својата женственост и покрај животните удари и борби во кои морала да се бори „машки“.
Силната жена е онаа која не изгубила верба во љубов и луѓе, иако ја изневерели оние во кои највеќе вложила љубов и верба.
Силната жена е онаа која се надева на најдобро, баш затоа што и се случило најлошото…
Силна жена е онаа која умрела по којзнае кој пат и која по којзнае кој пат се препородува… и трпеливо чека и чека… да се остварат нејзините соништа…

loading...