Доколку се бричите таму доле, мора да ги знаете овие работи

АКЦИЈА
loading...

Интимната регија бара голема нега, поради што при бричењето мора да имате одредени мерки на внимателност. Што смета, а што не е препорачливо, откриваат стручњаците.

Дерматолозите издвоија пет најважни совети кои сите жени кои ја бричат својата бикини регија мора да ги следат.

Менувајте го бричот често

Бричот мора редовно да се менува затоа што поради често користење ќе се истапи жилетот, што отвора можност за повреда. Ако го чувате на влажно место близу туш кабина или када, острицата побрзо ќе се уништи, а ќе биде изложена и на бактерии.

Не го делете бричот со други

Освен што на бричот има бактерии, секогаш постои можност да се исечете. Со тоа може да пренесет инфекција.

Користете пена или гел за бричење

Суво бричење не се препорачува за ни еден дел од телото, а особено за интимата. Затоа најдобро е да користите пена или гел за бричење, затоа што овој слој ќе ја заштити кожата од иритации.

Добро светло

Интимното подрачје е потешко за бричење, затоа што речиси е невозможно да видите се. Секогаш бричете се под јака светлина и со огледало.

По бричењето користете крем

Кожата е надразнета по бричењето, заради што би требало да нанесете хранлив крем или лосион.

Во продолжение прочитајте кои се најдобрите интимни фризури за жените:

Секоја жена по своја желба ја средува својата интимна зона, но сепак ако сакате да му угодите на вашиот партнер, обидете се со овие 3 интимни фризури:

Природна

Изгледот на сосема природна интимна зона долго се сметаше како неприфатлив, но последното истражување спроведено помеѓу мажите покажа дека природната интимна фризура се врати во мода. Дури 43 % од момците одговориле дека сè додека е уредна, ништо друго не е важно.

Бразилка

Сосема очекувано, 35% од мажите ја навеле бразилската како омилена. Некоја тенка линија е дозволена, но сите облици и форми сметаат дека се едноставно премногу.

Стаза за слетување

Вертикалната линија со ширина околу 2 прста ја опишува француската депилација која е златна средина помеѓу бразилката и природната фризура. 22% од мажите ја одбрале оваа фризура како најпривлечна.

loading...