На човештвото му се заканува крајот на светот, погледнете што ќе се случи на 4 февруари (ФОТО)

АКЦИЈА
loading...

Странските научници неодамна дојдоа до неверојатно откритие, онакво какво што до сега не пронашол никој низ историјата. Станува збор за вселенски објект, односно астероид, кој е поголем од сите што досега сме имале шанса да ги забележиме на нашето отворено небо.

Уште едно нешто кое доста го разликува овој астероид од другите е неговата насока, која научниците дојдоа до заклучок дека мине точно покрај нашата Земја планета.

Како што откриваат информациите, овој астероид веќе е под надзор цели 14 години, и прецизно се следи неговата орбита. Истражувањата покажале дека Астероидот наречен 2002 АЈ129 нема никакви шанси да дојде во судир или било каков сличен конакт со планетата.

Но тоа не беше доволно да ги запре странските медиуми од безброј алармантни репортажи, вести и шпекулации, која од која пострашни и позагрижувачки, тврдејќи дека метеорот ќе дојде во директен контакт со Земјата.

Последните вакви алармантни вести пристигнаа од светскиот медиум „Дејли Мејл” во кој што астероидот е наречен „брз и опасен”, со слика наменета да создаде паника кај читателите. Сликата пак која беше избрана беше само огромен плус на овие шпекулации, а на неа можеше да се види огромен астероид како паѓа врз Хајд Парк, со натпис „Судниот ден?”

Секако, не беше долго пред загрижената јавност да започне да ја контактира НАСА за подетални и официјални информации околу тоа дали заканата од удар од овој астероид е реална, и дали навистина ова огромно парче камен ќе помине покрај нашата планета.

Наса ја искористи оваа прилика да се одбрани од сите напади и шпекулациите околу тоа дека јавноста не била доволно информирана, а исто така напомена со документ дека во 2016. година тие извршиле симулација со Федералната Агенција за управување со вонредни ситуации во врска со евентуалниот судир на астероид со Земјата.

Главната цел на оваа вежба и симулација наводно била да се евакуира Лос Анџелес. Како и да е, на крајот можноста за удар од астероид останува само можност, а шансите тоа да се случи наскоро се доста мали.

Што се однесува за астероидот 2002 АЈ129, научниците пред долго време ја одредиле неговата патека, па може да се каже дека сме безбедни покрај сите шпекулации.

А сега кога ја разрешивме целата мистерија околу астероидите, време е да научиме нешто ново, а во продолжение можете да прочитате 20 интересни факти за универзумот:

1. Големата црвена дамка на Јупитер широка 40.000 километри е луња која беснее веќе 200 години. Да имате појасна претстава, Земјата може три пати да ја собере во оваа дамка.

2. Спротивно на општото верување, Земјата има повеќе од една месечина. 3753 Круитни, „Земјината втора месечина“, е еден од шесте квази-сателитни астероиди кои ротираат околу сонцето во речиси идентична орбита како и Земјата.

3. Пред 4.5 милијарди години, небесно тело со големина на Марс се судрило со Земјата.

4. Температурата на сонцето е приближно 5505°С.

5. Сонцето е преку 300.000 пати поголемо од Земјата

6. На еден фотон му се потребни 170.000 години да допатува од сончевото јадро до површината.

7. На истиот фотон му се потребни само 8 минути да стигне до Земјата.

8. Научниците неодамна откриле планета која 21 година била изгубена во сјајот на супернова.

9. Астронаутите на месечината оставиле огледало за од него да се одбие ласер и точно да се измери растојанието до Земјата.

10. Сонцето патува околу галаксијата – пат долг 100.000 светлосни години – еднаш во секои 200 милиони години.

11. Сите планети од нашиот сончев систем може да ги собере во просторот помеѓу Земјата и месечината.

12. Во последните 20 години биле откриени преку илјада планети.

13. Јупитер е два и пол пати поголем од сите други планети во сончевиот систем заедно.

14. Надвор од атмосферата починале тројца луѓе.

15. На Марс се наоѓа Олимп – највисокиот вулкан во сончевиот систем. Со височина од 21 километар и 60 километри ширина, тој е со приближна големина на Ирска.

16. Бидејќи на месечината нема атмосфера, стапките од мисијата Аполо 11 во 1969 се сѐ уште таму.

17. Една лажичка од неутронска ѕвезда би тежела околу 10 милијарди тони.

18. Сонцето сочинува 99.86% од сета маса во нашиот сончев систем.

19. Јадрото на една ѕвезда достигнува 16 милиони °С. Едно здрно песок со ваква температура би убило човек на оддалеченост од 150 километри.

20. Можете да видите друга галаксија со голо око. Галаксијата Андромеда, оддалечена на 2.2 милиони светлосни години.

loading...