Сестрата на Тоше ја расплака јавноста за неговиот 37-ми роденден (Фото)

АКЦИЈА
loading...

Тој беше балканскиот ангел, омилен кај фановите од сите возрасти, а не остави вечно да жалиме. Се разбира, станува збор за нашиот Тоше, кој денес, 25-ти јануари, тој би наполнил 37 години.

На овој ден, неговите фанови од целиот балкан традиционално одат на неговиот гроб и палат свеќи, а со тоа се сеќаваат на Тоше кој за дсебе остави хитови кои никогаш нема да згаснат, а ќе шират позитивна енергија и љубов каде и да се слушаат.

Но исто така на овој ден, посебно тажна е неговата сестра Дора, која на гробот запалила свеќи а однела и торта на која пишува „Те сакам”.

„Најмило мое” – кратко напишала Дора под една фотографија.

За време на една потресна исповед, Дора рекла дека имала чувство како Тоше да ја претчуствувал својата смрт.

„Мислам дека Тоше ја претчувствуваше својата смрт. Пред неколку месеци му јавив колку ќе му биде убав спратот во семејната куќа, а тој само рече: Радувај се Цеце, бидејќи ти ќе се вселиш таму. Во една прилика дојде на ручек во Крушево, а тато не беше таму. Тоше му се јави и му рече брзо да дојде бидејќи уште малку ќе го гледа. Му рече дека после ќе го гледа да на фотографија. Тој често беше замислен, а јас му велев дека животот е убав и дека луѓето го сакаат. Тој ми рече: Животот навистина е убав. Само да потрае уште малку” – раскажала Дора.

loading...