НЕ КУПУВАТЕ: Еве како да секогаш да имате ЛУК во вашиот дом

АКЦИЈА
loading...

Лукот е една од најздравите, највкусните и најважните состојки која можете да ја додадете во скоро секоја храна.

Покрај тоа што е вкусен, тој ни дава и голем број здравствени бенефиции како што се: подобрување на кардиоваскуларното здравје, подобрување на имунолошкиот систем, превенција од заболување од рак.

Лукот е многу лесен да го одгледувате дома, а за тоа е потребно навистина мало место во градина.

Се што треба да направите е да набавите органски лук, да го посадите во право време и на вистинска почва, и на крај, навремено да го соберете.

Наполнете ја саксијата со земја. Раздвоете ја главицата лук на чешниња и секој од нив засадете го вертикално со из’ртениот дел нагоре на длабочина од 2, 5 сантиметри. Покриете ги сите чешниња со земја.

Саксијата ставете ја на некое место каде има многу директна сончева светлост. Водете сметка редовно да го полевате, како и секоја друго домашно растение.

Листовите кога ќе пораснат на околу 8-10 сантиметри скратете ги на големина од околу 2,5 сантиметри за да можат повторно да пораснат. Листовите во одреден миг ќе престанат да растат.

Кога ќе се исушат и ќе станат кафени ископајте ги чешнињата што сте ги насадиле и ќе најдете цела главица. Од новата главица можете повторно да ги посадите чешнињата и да почнете од почеток.

loading...