Светските медиуми за атмосферата и победата на Македонците

АКЦИЈА
loading...

Македонската ракометна репрезентација после подолг период успеа да ја совлада Словенија и се реваншира за поразите во изминатите неколку години.

Македонските ракометари одиграа одличен натпревар а со својата пожртвуваност и борба до крај покажаа дека може да играат голема улога на ова Европско првенство. Победата над бронзената Словенија од последното Светско првенство во Франција е секако голем резултат кој не остана незабележан од балканските и светски медиуми. Тие во суперлативи говореа за победата на Македонија, но и за навивачите кои веќе традиоционално секоја година го привлекуваат вниманието на балканските и светски медиуми.

Македонската репрезентација денес има ден одмор а веќе утре се враќа на теренот во Арена Загреб каде против селекцијата на Црна Гора ќе се обиде да стигне до својата втора победа на ЕП во Хрватска.

Натпреварот започнува во 20 часот и 30 минути.

loading...