РЕЦЕПТ. Жените ширум светот ставаат сода бикарбона под очите. КОГА ЌЕ ВИДИТЕ ЗОШТО, ЌЕ ГО НАПРАВИТЕ ИСТОТО

АКЦИЈА
loading...

Многу жени зборуваат за корисните својства на сода бикарбона. Ја користат за разубавување, кога ја чистат куќата, кога готват. Меѓутоа, жените најмногу сакаат кога ја гледаат како делува во служба на убавината.

Најефикасните маски за лице содржат сода бикарбона, пренесе српски Курир.

Познато е дека содата е неизбежна состојка кај многу колачи, пецива и други јадења, но можеби не сте знаеле дека е фантастична и за ублажување на подочниците.

Ако малку подобро ги погледнете декларациите на производите за нега кои ги користите секојдневно, ќе видите дека многу од нив содржат сода бикарбона, само помешана со еден тон хемикалии.

Зошто да не ги прескокнете хемикалиите и да ја користите во природен облик?

Маската од сода бикарбона е идеална за ослободување од подочниците, темните кругови околу очи и подуените капаци.

Ако имате барем еден од овие проблеми, задолжително пробајте.

Потребно ви е:

Шолја топол чај од камилица
Лажица сода бикарбона

Подготовка:

Чајот треба да биде млак, не премногу топол. Измешајте ја содата во чајот, па натопете две парчиња памук или козметички сунѓер во мешавината. Ставете под очите како облоги. Треба да делуваат најмалку 15 минути.

Потоа исплакнете го лицето, па нанесете крема или природно масло против брчки, како на пример кокосово.

Ако редовно го правите овој третман нема да имате никаква потреба од серуми и маски.

loading...