РЕЦЕПТ: Едноставен многу вкусен чоколаден колач

АКЦИЈА
loading...

Чоколаден колач кој е едноставен и лесен за спремање. Превкусен за јадење. Погоден за секоја прилика и за секој вкус. Еве за што станува збор:

Состојки:

За кора:

-една чаша јогурт

-100 мл.масло

-7 лажици брашно

-2 лажици какао

-4 лажици шеќер

-1 ванилин шеќер

-една лажица мала, сода бикарбона

-100 мл.ладно млеко

-изрендани кори од два портокали

За крема:

-0,5 л.млеко

-300 мл.вода

-5 лажици шеќер

-3 пудинга од чоколада

-100 грама темна чоколада

За кората:

-сок од два портокали

Подготовка:

Изматете ги сите состојки за тесто, па сипете ги во тавче и печете на 200 степени околу 15-20 минути. Исцедете сок од портокал и прелијте преку кората. Оставете да впие. Млекото ставете да врие заедно со шеќерот, во вода изматете пудинг и сварете го пудингот во млекото кое се уште е на шпорет. Кога пудингот ќе биде готов, скршете ја чоколадата и ставете ја во пудингот за да се стопи. Топлата крема, сипете ја преку кората и оставете колачот да се излади на собна температура.

loading...