Заборавете ги овие правила за здрава храна

АКЦИЈА
loading...

Ние сме навикнале да ги слушаме толку долго, што тешко ни е да поверуваме дека пуканките се здрава ужина или пак не секое масло за јадење може да се користи и за готвење и е корисно за организмот.
Сепак, нутриционистите упатуваат дека работите се менуваат како резултат на бројните истражувања, а ова се само неколку митови за здравата исхрана во кои треба да престанеме да веруваме:

Јаболковиот сок е поздрав од газираните пијалаци

Всушност, верувале или не, иако се работи за истата количина на јаболков сок и безалкохолен газиран напиток, сокот од јаболко има повеќе калории.
Доколку внимавате на својот изглед и исхраната, најдобро е да ги исфрлите сите вакви сокови и да се сконцентрирате на пиење обична вода.

Суровиот зеленчук е поздрав од зготвениот

Вистината е дека некои видови зеленчук кои се малку сварени или зготвени на пареа се поздрави од суровиот зеленчук.
На пример, сварените моркови содржат повеќе каротеноиди, додека доматите на пареа ослободуваат повеќе ликопен, што е одлично за здравјето.
Сепак, не ја ограничувајте исхраната само на обарен или зеленчук на пареа, односно внесувајте зеленчуци во секаква зготвена форма.

Може да јадете суши дури и кога сте на диета

Многумина веруваат дека со порачувањето на овие егзотични ролнички ќе го избегнат дополнителниот број на јаглехидрати во дневниот внес на калории.
Всушност, сушито содржи повеќе јаглехидрати отколку хамбургерот, односно 60 gr ЈХ наспрема 37 gr ЈХ.

Соја сосот е здрава замена за сол

Нутриционистите советуваат дека не треба да користите соја сос во замена за нормална сол.
Секое јадење коешто е „зачинето“ со соја сос ќе предизвика да внесете многу повеќе од дневната препорачана количина сол во организмот.

Засладувајте со мед наместо со шеќер

Медот е секако поздрава варијанта од обичниот бел шеќер, но кога претерувате со употреба на истиот нема да забележите промена во вашата тежина.
Имено, содржи дури и малку повеќе калории од обичниот шеќер.

Сушеното овошје е најдобра ужинка

Процесот на сушење овошје предизвикува губење на дури 80% од витамините и антиоксидантите кои ги поседува тоа.
Подобро е да каснете парче свежо овошје, отколку сушено.
Некои производители додеваат и сладок сируп, шеќер и конзерванси за да го продолжат нивниот рок на употреба, што ги прави уште поопасни за консумирање.

Пуканките се нездрави грицки

Пуканките кои ќе ги зготвите на топол воздух и ќе ги лишите од путер и сол се една од најздравите грицки кои може да ви го заситат гладот.
Шолја пуканки содржи скоро двојно повеќе антиоксиданти, односно полифеноли за разлика од овошјето и зеленчукот. Пуканките содржат и многу растителни влакна, кои се одлични за здравјето.
Сепак, не претерувајте ниту со нивното јадење и секогаш ограничете се на помала количина.

Сирењето и кашкавалот ни се најголеми непријатели за време на диета

Нaсоките во поголемиот дел од диетите упатуваат дека треба да заборавите на сирењето и кашкавалот, бидејќи содржат многу калории и масти.
Сепак, може да си дозволите помало парче сирење бидејќи е здраво и содржи многу повеќе калциум за разлика од другите производи.
Тоа, исто така, содржи линолеинска киселина со чија помош полесно се акумулираат мастите и помага во побрзо губење на килограмите.

Секоја количина на алкохол е штетна по здравјето

Еден од најголемите митови е дека алкохолот треба целосно да се избрише од листата на пијалаци кои ги консумираме.
Вистината е дека црвеното вино, на пример, содржи многу полифеноли кои им даваат поддршка на крвните садови. Сепак, држете се до правилото од само една чаша.

Здравите масла го подобруваат вкусот на секое јадење

Кокосово масло, масло од тиква, ленено масло… сите овие здрави масла се дел од секојдневната исхрана на многу луѓе кои внимаваат на здравјето.
Многумина ги додаваат за време на готвењето, а не се свесни за сите факти. Имено, кога лененото масло ќе се загрее до одредена температура тоа може да стане и отровно, поради огромната количина на незаситени масни киселини.

Производите со ниска масленост се поздрави

Во обидот да изгубите поголем број на килограми, некои луѓе се ограничуваат само на производи со ниска масленост.
Но, вистината е дека тие содржат многу повеќе калории отколку регуларните продукти.
Размислете, доколку се ослободите од маснотиите, кои му даваат вкус на јадењето, истите треба да ги замените со нешто (најчесто се додава шеќер како засилувач на вкусот).
Воедно, лишени се од многу витамини и други корисни минерали, со цел да ги направат fat free.

loading...