Стиснете кочница, неколку знаци дека црниот дроб не ви го поднесува темпото

АКЦИЈА
loading...

Ова е месецот  на руска салата, мевце па и по некој алкохолен пијалок.

Но, алкохолот и масната храна влијаат на вашето тело во голема мера, а особено преку активноста на црниот дроб.

Намалената активност на црниот дроб води кон наталожување на токсините во тело. Тие се складираат во масните ткива и чекаат црниот дроб да се врати во стабилна состојба и безбедно да ги отстрани од телото.

Симптоми кои покажуваат дека црниот дроб не може да се справи со празничното темпо:

Влијае на мозокот

Поради преоптовареноста црниот дроб сопира со филтрирање на крвта и акумулираните токсини има шанса да дојдат до вашиот мозок. Тогаш се појавуваат симптоми како:

– неконцентрираност,

– губење на меморија,

– потешкотии во донесувањето одлуки,

– намалување на шеќерот во крвта бидејќи црниот дроб е одговорен за стабилното ниво на шеќер во крвта, па кога е преоптоварен, нивото на шеќер паѓа. Како резултат на тоа, станувате раздразливи, збунети и имате недостиг на енергија.

Хормонален дисбаланс

Многу важна улога на црниот дроб е регулирањето на секс хормоните. Лошата состојба на овој орган води до дисбаланс на хормоните, што може да доведе до проблеми како:

– намалено либидо,

– влошени симптоми во ПМС (предменструален синдром).

Промени во расположението

Ако токсините дојдат до вашиот мозок, тоа нема да влијае само на меморијата, туку и на вашето расположение. Се јавуваат проблеми како:

– зголемена анксиозност,

– депресија.

Но, пред да се фрлите на седативи, задолжително прво консултирајте се со доктор.

Проблеми со имунитетот

Црниот дроб игра важна улога во имунитетот, па ако не е во добра форма, тогаш сте склони кон настинки и вирусни инфекции, поради намалената можност вашето тело да се бори со бактериите и вирусите.

Апнеа во сон

Апанеа во сон е престанок на дишењето во сон, односно има периоди кога во текот на сонот личноста дише и периоди кога не дише. Престанокот важи за повеќе од 10 секунди.

Во тешки случаи може да достигне 2-3 минути и да зафаќа повеќе од половина од вкупното време на ноќен сон. Еден од симптомите на апнеа е ‘рчењето.

Ако ви се појави ваква состојба, тогаш најверојатно вашиот црн дроб е виновникот.

Најдобриот начин за подобрување на состојбата на црниот дроб е да внимавате што внесувате во вашето тело. Намалете со алкохол и газирани пијалаци, јадете зелени салати, лук, кромид и јајца и сè правете со мерка.

 

loading...