За сите оние кои сеуште не сте ја легализирале дивоградбата – Прочитајте

АКЦИЈА
loading...

Од денес продолжува процесот на легализација на дивоградбите. Во текот на оваа година граѓаните кои имаат нелагализиран објект изграден до март 2011 година, ќе можат да побараат негово легализирање. Барањата ќе се поднесуваат во општините каде што се наоѓа дивоградбата, а треба да се вприложи и сметка за платена вода или струја. Продолжувањето на процесот се однесува на две групи граѓани.

„Првиот рок од 1 јануари до 30 јуни 2018 година, ќе можат да поднесат барање само оние кои претходно не поднеле комплетна документација. Сега во овој шестмесечен рок ќе можат повторно тоа да го сторат, но мора да поднесат барање со комплетна документација.Вториот рок од 1 јануари до 31 декември ќе можат да поднесат сите оние кои претходно не поднеле барање до општините. Значи овој рок е за сите кои до сега не поднеле никакво барање“, вели министерот за транспорт Горан Сугарески.

Од министерството за транспорт годинава има уште една новина која се однесува на градежното земјиште. Цените за купување државна земја се намалуваат на 70 денари за квадрат. Оваа цена ќе важи за откуп на земјиште за дооформување на парцела на која ќе се градат објекти за колективно домување.

„Значи, имате парцела која сте ја купиле на јавно наддавање и сега за дооформување на парцелата ќе имате можност по пат на непосредна спогодна да докупите земјиште по цена од 70 денари за квадрат. Но ова земјиште мора да биде со намена за изградба на ученички и студенски домови, потоа за претстој на стари лица, самци и деца без родители. Мерката се однесува за 58 општини во Република Македонија“, вели Сугарески.

Бесправното градење или дивоградба е кривично дело. Според Кривичниот законик, член 244 а, тој што гради или изведува градба или врши надзор над градба на сопствено или туѓо земјиште, без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење издадено од надлежен орган, ќе се казни со затвор од три до осум години.

Дооформувањето парцели по ниски цени со непосредна спогода ќе важи за 58 мали општини. Очекувањата се дека оваа мерка ќе придонесе за побрз економски раст во нив.

Бесправното градење или дивоградба е кривично дело. Според Кривичниот законик, член 244 а, тој што гради или изведува градба или врши надзор над градба на сопствено или туѓо земјиште, без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење издадено од надлежен орган, ќе се казни со затвор од три до осум години.
loading...