Тест за интелигенција: Обидете се да ги одговорите овие прашања

АКЦИЈА
loading...

Експертите за интелигенција велат дека се доволни неколку прашања за да се открие нивото на интелигенција кај одредена личност. Вашата задача е да одговорите на следните прашања брзо и без многу размислување. Одговорите се на крајот.

1. Учествувате во трка. Ја престигнавте личноста на второто место. На кое место сте?

2. За да одговорите на второто прашање, не размислувајте толку долго како за првото. Доколку во трката ја престигнете последната личност, тогаш сте?

3. Ова решете го без дигитрон или пенкало. Земете 1.000 и додадете 40. Сега додадете уште 1.000. Сега додадете 30. Додадете пак 1.000. Сега додадете 20. А сега додадете уште 1.000. Сега додадете 10. Која е вкупната сума?

4. Таткото на Марија има пет ќерки и се викаат: Нана, Нене, Нини, Ноно. Како се вика петтата ќерка?

5. Нема личност сака да купи четка за заби и тоа го прави со имитирање на активноста. Доколку слеп човек сака да купи темни очила за сонце, како ќе му објасни на продавачот?

6. Ако легнеш во 8 часот и го навиеш часовникот да ти ѕвони во 9, колку долго ќе спиеш?

7. Ти си мој син, а јас не сум твојата мајка. Што сум ти јас?

8. Двајца мажи се обиделе да ја преминат реката со брод кој можел да пренесе само еден човек. Меѓутоа и двајцата успеале да ја преминат реката. Како е тоа можно?

9. Додека еден човек одел кон градот, сретнал маж и 2 жени. Секоја жена носела транспортер за миленици со мачка во него. Секоја мачка имала по 4 мачиња. Колку вкупно нозе оделе кон градот?

10. Што било прво: Кокошката или јајцето?

Одговори

1. Второ место.

2. Не можете да ја престигнете последната личност.

3. 4.100

4. Марија

5. Со зборување, секако.

6. 1 час

7. Татко

8. Се наоѓале на различни брегови.

9. Две. Само човекот одел натаму. Другите се враќале.

10. Јајцето. Диносаурусите неселе јајца долго време пред да се појават кокошките.

БОНУС ЗАДАЧА

Познатиот научник Ајнштајн тврдел дека само 2 проценти од светската популација можат да го решат овој тест.

Земете пенкало и хартија и пробајте и вие да го најдете решението…

5 куќи се обоени во 5 различни бои. Во секоја од тие куќи живее личност од различна националност. Сите тие сопственици пијат различен пијалак, свират различен инструмент и чуваат различни домашни миленици. Ниту еден сопственик нема ист миленик, инструмент ниту пијалак.

Врз основа на долу наведените податоци, откријте кој чува риби како миленици.

Познати детали:

– Британецот живее во црвена куќа

– Швеѓанецот чува кучиња.

– Данецот пие чај.

– Зелената куќа е лево од белата куќа.

– Сопственикот на зелената куќа пие кафе.

– Личноста која свири виолина одгледува птици

– Човекот во жолтата куќа свири клавир.

– Човекот во средната куќа пие млеко

– Норвежанецот живее во првата куќа

– Човекот кој свири труба живее покрај оној што чува мачки

– Човекот кој чува коњи живее покрај човекот кој свири на клавир

– Сопственикот кој свири армоника пие пиво

– Германецот свири гитара

– Норвежанецот живее покрај сината куќа

– Личноста која свири труба има сосед кој пие вода

Постои само едно решение кое ги задоволува сите горе наведени услови… Што мислите кое е???

Решение:

1 куќа: Норвежанец, жолта, вода, клавир, мачиња

2 куќа: Данец, сина, чај, труба, коњ

3 куќа: Британец, црвена, млеко, виолина, птици

4 куќа: Германец, зелена, кафе, гитара, риби

5 куќа: Швеѓанец, бела, пиво, армоника, куче

loading...