Како да се сака Македонија

АКЦИЈА

За да се сака треба да се знае да се чувствува… Верувам дека искрено се сака само тоа што добро се познава. Почвата во која цвеќето расте е најпосакувана за него, бидејќи не расте цвеќе во асвалт…

Така одлучив да ја започнам мислата која понатаму ќе се темели токму на таа почва, на таа земја ветена, а не на асвалтот кој е крут безживотен и не ветува ништо, ама баш ништо и е премногу далечен, оттуѓен.

Истражи ја својата земја… Која земја?

Нашата чудесна земја, одговори гордо, достоинствено драг мој читателу… Почвата која не` потхранува, не` држи цврсто до коренот, како народ ни дава можност како ретко која друга да растеме, созреваме, се љубиме, почитуваме создаваме потомство…

Се прашувате ли како цвеќето му возвраќа на добрата почва? Со убав цвет, а дрвцето со добар плод. Возврати, отвори ја својата рака, само отворена рака може да прими, дариму деца, деца Македонци гордо завиени во црвено жолтите зраци на знамето, црвени во образите како најубавото јаболко, а здрави и силни како челик..

Е баш така се сака Македонија, на младите останува светот. Треба да градиме младина полна со верба во себе, верба во бога, верба во својата земја, младина која гордо ќе зборува за своето потекло за своите корени, бидејќи стеблото без корен нема да даде плод… Таа свежина, таа млада енергија ќе биде енергијата на новото време, спремна да се соочи со сите предизвици и да ја заштити Македонија, да не дозволи да се згазне на достоинството на македонскиот народ, тоа е таа сила која ќе се спротивстави на сите обиди за исчезнување на македонскиот јазик и нација.

Македонците да не се ’’палат’’ на Султанот историска фигура која била крволок за Македонија, да не дозволиме да се намали бројот на новородени деца и да се случи предоминација на етничките групи, затоа што на крајот ќе биде “чии се овците, негова е планината“, а тоа значи дека прашањето од минатото треба да биде поука за иднината.

Да се сака Македонија, значи да се живее, љуби, создава и почитува…

loading...