Природно излечете настинка за еден ден

АКЦИЈА
loading...

Настинките и грипот се најчести заболувања на респираторниот тракт. Повеќето луѓе овие симптоми ги чувствуваат неколку пати во текот на годината, обично на пролет и на есен.

Ако чувствувате дека ќе се разболите, морате веднаш да превземете неопходни мерки.

Еве три едноставни, но ефикасни и проверени народни рецепти кои ќе ви помогнат да се изборите со почетните симптоми на настинката, како и евентуално да се спречи нејзиното напредување:​

Овој напиток може да се смета како замена за шумливите таблети, а можете да го направите сами.

Потребни состојки и подготовка:

Во 1,5 литар сварена и оладена на собна температура вода, додадете 1 супена лажица крупна морска сол, сок од 1 лимон и 1 грам витамин Ц во вид на шумлива таблета, кој содржи аскорбинска киселина.

По желба можете да засладите со лажица мед. Убаво измешајте го растворот и консумирајте го во рок од 1,5 час.

Загрејте 100 милилитри црвено вино, во него додадете ¼ лажичка мелен црн бибер и 1 лажица мед.
Промешајте и испијте го топло пред спиење.​

Познат лек против настинка и кашлица – топло пиво со мед:

Шише пиво од 0,5 литри загрејте во некој сад. Тргнете го од оган и додадете 2 лажици мед, прстофат цимет и каранфилче и промешајте.

Консумирајте во текот на вечерта, пред спиење, мали голтки, а после легнете си.

Мора да се напомене, дека овој раствор има прилично непријатен вкус, но кај настинките и кашлицата дејствува многу ефикасно.

Овој напиток ја омекнува кашлицата, поседува анти инфламаторно дејство, ги поттикнува потните жлезди кои ја извлекуваат настинката од организмот.

НМД сепак ќе напомене дека најдобро е, пред да се превземе било што, да се отиде на лекар, кој ќе утврди дали се работи за обична настинка или грип и ќе ви препорача соодветна медикаментозна терапија. Во тој случај народните рецепти ќе бидат само подршка на лекувањето.

​Извор: nmd.mk

loading...