Симптоми на замастен црн дроб и чистење по природен пат

АКЦИЈА
loading...

Црниот дроб е еден од најважните органи, бидејќи тој ги преработува сите токсини кои се внесуваат во организмот. Природната детоксикација е најдобар начин за одржување здрав црн дроб.

СИМПТОМИ НА ЗАМАСТЕН ЦРН ДРОБ

Често се нарекува и „тивка болест“ затоа што симптомите се едвај видливи. Во повеќето случаи, потребни се години додека да се забележат. Доколку дојде до развој на болеста, може да добиете нетипични симптоми, како:

-мачнина

-слабост

-губиток на апетитот

-конфузност

-проблеми со концентрација

Исто така, може да се појават и болки во централниот и горен дел од абдоменот, појава на темни дамки на кожата (најчесто на горниот дел од рацете) како и зголемен црн дроб, кој се забележува на ехо.

Кај алкохоличарите овие симптоми се влошуваат доколку продолжат со консумирање на алкохол. Замастениот црн дроб може да се открие, па дури и да се спречи кај лица кои не консумираат алкохол.

Суво грозје за прочистување на црниот дроб


Постапката за чистење и детоксикација на црниот дроб со помош на суво грозје (покрај чистењето на организмот со ориз), претставува една од најефикасните методи за опоравување на организмот и негово ослободување од хроничните болести и токсини, бидејќи самата затрованост на организмот го спречува истиот да го вклучи механизмот за само-излекување, а исто така значително ја намалува и ефикасноста на лековите и рецептите од традиционалната медицина. Црниот дроб (хепарот) во нашиот организам има улога на фабрика за крв. Исто така тој го помага јакнењето и стимулацијата на варењето во организмот. Хепарот обавува уште една функција во организмот а тоа е чистењето на крвта и отстранувањето на сите токсини и отпадни продукти од неа. Оттука станува јасно дека чистиот црн дроб, за организмот значи здравје, виталност, енергија, убав изглед и добро расположение.

Чистењето на хепарот со црно грозје започнува со следната постапка: најпрво на пазар или во продавница одбираме квалитетно суво грозје кое денес не можеме да го најдеме сосема лесно. Треба да се одбегнува многу светло, убаво жолтеникаво суво грозје. Светлата боја на сувото грозје е резултат од неговиот третман со сулфур диоксид или во најдобар случај од прекршување на правилата при неговото сушење. Не обрнувајте внимание на “сјајното“ суво грозје, кое исто така е хемиски обработено. Квалитетното суво грозје е без сјај, набрчкано е, не е премногу меко ниту премногу тврдо (како гума е меко). Зрнцата мора да бидат зачувани, а не оштетени. Доброто суво грозје мора да биде темно или со браон боја (ако е во прашање посветла сорта на грозје – тогаш тоа има светла браон боја). Исто така постои и црно суво грозје со плавкаста нијанса, кое се добива од темните сорти на винова лоза. Би било идеално ако може да се пронајде суво грозје со малите дршки на зрнцата, што претставува еден од главните показатели на природноста на сувото грозје. Откако ќе го изберете вистинското и хемиски не третирано суво грозје, тогаш можете да отпочнете со подготвување на средството за чистење на црниот дроб.

Постапка

  • Наутро натопете половина чаша суво грозје во топла вода и оставете го да стои во неа 15 минути, а потоа исперете го добро под млаз вода.
  •  Ставете го испраното суво грозје во чаша и дополнете ја чашата до врв со превриена вода која е оладена до собна температура. Оставете го така грозјето да стои 24 часа (до наредното утро).
  •  Наредното утро, на празен стомак испијте го напитокот и изедете го сувото грозје. Легнете во кревет еден и пол до два часа и ставете топла облога (или уште подобро термофор) на десната страна од стомакот.

ЗА ДЕТОКСИКАЦИЈА НА ЦРНИОТ ДРОБ ВО ИСХРАНАТА ТРЕБА ДА ГИ ВКЛУЧИТЕ СЛЕДНИТЕ БИЛКИ И ПРОИЗВОДИ:

-Морков и репка: богати се со протеини, флавоноиди и бета каротен, кои помагаат во детоксикација.

-Домат: богат со глутатион кој е одличен детоксикант, како и ликопен кој штити од рак на кожа, дојка и бели дробови.

-Цитрон: уште еден извор на глутатион, но и на витамин Ц и антиоксиданси.

-Спанаќ: исто така содржи големи количини на глутатион кој ги чисти токсините од црниот дроб.

-Лимон: богат со витамини, го стимулира црниот дроб и помага при синтеза на токсичните материи и супстанции кои можат да ја апсорбираат водата.

-Зелка: извор на глукозинолат кој е исто така добар за детоксикација.

-Ореви: добар извор на глутатион, омега 3 масни кислеини и аргинин кој помага за нормално чистење на црниот дроб при елиминација на амонијакот.

-Авокадо: суперхрана која помага во производството на глутатион.

-Лук: богат со сулфур, алицин и селен, природно го чисти црниот дроб

-Јаболка: со пектинот и другите состојки е од суштинско значење за ослобудавање од токсините од дигестивниот тракт.

-Лиснат зеленчук: богат со хлорофил кој ги апсорбира токсините, го зголемува производството на жолчка и ги неутрализира тешките метали и пестицидите.

-Зелен чај: содржи катехини кои ефикасно го чистат телото од штетни материи.

-Ладно цедени масла: маслиново, ленено… претставуваат голема поддршка за работата на црниот дроб.

loading...