Амди Бајрам го напушти ВМРО-ДПМНЕ

АКЦИЈА

Бајрам пред да го промени местото, се обрати на пратениците, соопштувајќи им дека не е повеќе пратеник на коалицијата За подобра Македонија и ќе делува како пратеник на Сојузот на Роми.

– Сакам да изјавам дека до денеска во Собранието сум бил како пратеник од Сојузот на Ромите во коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, од денеска ќе делувам како пратеник од Сојуз на Роми – рече Бајрам во неговото кратко процедурално обраќање пред продолжението на денешната собраниска седница

Според информациите на Алсат, Амди Бајрам претходно праќал сигнали и до СДСМ за да стане дел до нивната пратеничка група или да го поддржи мнозинството. Но, не добил одговор поради неговите тешки зборови упатени кон социјалдемократите и кон самиот Заев кога беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Во минатото Амди Бајрам неколку пати ги менуваше страните во зависност од тоа која македонска партија е на власт, СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ. Но, во овој случај кога власта се соочува со тесно мнозинство, гласот на Бајрам евентуално би бил добредојден во секое време.

loading...