Истражување: Ако сонувате дека вашето тело “паѓа” од височина – ова ви се случува

АКЦИЈА
loading...

Сигурно ви се случило многупати, но секојпат е подеднакво непријатно – само што се потонале во вашата дремка, телото силно ви се згрчува за момент, а вие поради ова движење целосно сте будни. Оваа појава официјално се нарекува “hypnic jerk”.

Обично се манифестира така што ви се чини дека паѓате, но некогаш се појавува и така што ви се чини дека се гушите или како некој демон да ви ги притиска градите.

Научниците сметаат дека надворешните фактори како што се премногу кофеин и никотин имаат влијание на оваа состојба, па затоа се препорачува да не консумирате кафе пред спиење (а цигари воопшто).

Покрај овие два фактори, хипничкиот грч може да биде предизвикан и од хронична ненаспаност, како и од поедини лекови (Adderall и Ritalin).

Хипничкиот грч најчесто се јавува кога лицето пребрзо ќе потоне во сон од исцрпеност во текот на денот.

Во ретки ситуации, кога телото е премногу уморно, мускулите пребрзо се опуштаат па мозокот пребрзо преминува низ фазите на сонот и тогаш се случува да се “збуни” и да помисли дека нешто не е во ред со телото.

Тогаш нагло ве буди од сон, за да се увери дека со телото се’ е во ред.

Кога треба да се загрижите?

На крајот од краиштата, ова е прилично бенигна појава, освен доколку не е проследена и константна силна главоболка и силни снопови светлост. Во тој случај задолжително обратете се на лекар.

За подетални информации погледнете го видеото:

loading...