Фосилни остатоци од пингвин откриени во Нов Зеланд

АКЦИЈА
loading...

Репутацијата која ја поседува Нов Зеланд како место на невообичаени суштества, кои ретко можат да се најдат на други места во светот е заслужена. Доколку се сеќавате на ловецот на коски од 2004та година кој се сопна на нешто што до денес ги збунуваше научниците, сега го имаме одговорот. Имено, оваа недела е откриено дека тие коски всушност припаѓаат на новоопишаните видови на џиновски пингвин, висок колку еден просечен човек.

Откриениот царски пингвин, е висок 110 сантиметри и е тежок 23 килограми.

Фосилот на пингвин, опишан во списанието Nature Communications, е пронајден во карпа за која се проценува дека е стара околу 55-60 милиони години. Сепак ова не е најголемиот пингвин. Во 2014та година беше пронајден фосилот на пингвин Palaeeudyptes klekowskii, висок 2 метри кој се смета за најстар.

Алан Тенисон, е научник од националниот музеј Те Папа во Нов Зеланд ,кој првиот дел од скелетот го открил во 2004 година, меѓутоа, за извлекување на коските, кои формираат некомплетен скелет, морал да почека до 2015 година, кога била достапна технологија за такво нешто.

“Кога го пронајдовме ние не знаеме што е тоа, бидејќи беше целосно затворен во карпа”, објаснува Тенисон. “Но штом започна екстракцијата, сфативме дека тоа се остатоци од огромна птица”.

Тенисон изјавил дека тој фосил има огромна глобална важност бидејќи доаѓа од доба по изумирањето на диносаурусите и покажува дека џиновските пингвини биле меѓу првите кои се развивале.

loading...